Блог архива
RSS

Блог написи во категорија „Интелигентен Дом“

Системи за автоматизација во домот

Прилагодете го својот дом кон Вашите потреби, направете го попаметен, уживајте во него повеќе и не грижете се кога не сте дома дали Вашиот дом е безбеден.
Дозволете си зраците на утринското сонце да влезат во спалната соба минути пред да се разбудете, водата за утринскиот напиток веќе да е згреана, а температурата во домот прилагодена по Ваш терк. Денот нека Ви продолжи безгрижно, ништо не сте заборавиле вклучено дома, уредите во Вашиот дом ги контролирате од секаде каде имате интернет пристап. Овозможете си вечерните мигови во Вашиот интелигентен дом да Ви поминат осветлени во бои кои ќе Ви го подобрат расположението. 
Зачувајте ја приватноста навечер но дозволете им на сончевите зраци од рано утро да го осветлат ботаничкото катче во Вашиот дом пред да се разбудете.
Имајте контрола над секој електричен уред во домот независно дали сте дома или надвор. Контролирајте ја температурата, проветреноста, осветленоста во домот преку зададени параметри и креирани листи на акции преку кои уредите во домот интелигентно ќе постапат за да ја овозможат Вашата посакувана сцена.
Обезбедете навремено известување за поплава, пожар или олуја и спречете поголема штета со поставување на сензори на критични места со истовремено превземање на соодветни акции за намалување на штетата во Вашиот Интелигентен Дом.