ТЕРМИНИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Добредојдовте на iHome интернет страната ("iHome интернет страна" или "Страната"). IHome овозможено од и4 Системи е ДОО компанија (Друштво со ограничена одговорност) ("iHome", "ние", "нас" или "нашата") и обезбедува услуги достапни на интернет страната за вас кои се предмет на следните услови ("Услови и правила"). Со пристапување или со користење на Страната, вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате, без ограничување или квалификации, да бидете обврзани со овие Услови и правила.
1. Политика за приватност
Ве молиме погледнете ја нашата политика за приватност, која е составен дел од овие Услови за користење, која го дефинира вашето користење на страната, за да подобро ја разберете нашата практика за приватност.
2. За iHome интернет страната
iHome е снабдувачот или производителот на производите и адресата на компанијата е Букурешка 39, 1020 Скопје, Република Македонија.
3. Јазик
Оригиналниот документ е на Македонски јазик. Во случај на конфликт, Македонскиот документ има предност.
4. Цени
Сите цени на производите кои се презентирани на нашата Страна се со вклучен или со невклучен ДДВ (избор на корисникот) по тековниот девизен курс на Националната Банка на Република Македонија (http://nbrm.mk) доколку се презентирани во валута различна од Македонски Денар (МКД) и се без трошоци за испорака. Вкупната цена на вашата порачка е онаа на производот (производите) кој е (кои се) нарачан (и), а трошоците за испорака може да ги погледнете во делот Политика за испорака.
5. Опис на производот
Ние ќе ги преземеме сите разумни чекори за да ве осигуриме дека сите детали, описи, слики и цени на производите кои се појавуваат на оваа Страна се точни во моментот кога е внесена релевантна информација во системот, сепак, до степен дозволен со применливиот закон, ние не гарантираме дека описот на производот, бојата или другите содржини достапни на оваа Страна се точни, целосни, сигурни или безгрешни. Иако имаме за цел да ја задржиме Страната тековно обновена колку што е можно, информациите вклучени во описот на производот кој се појавува на оваа Страна во одредено време, не секогаш, може да се одрази на производот кој вие го нарачувате во моментот на порачка. Ние не може да ја потврдиме цената на еден производ се до моментот кога вашата порачка ќе биде прифатена во согласност со нашите правила за прифаќање на порачка. Види Дел 8 подолу.
6. Потврдување на порачка и Прифаќање на порачка
Низ процесот за потврдување на порачка ќе бидете водени од неколку едноставни инструкции кои се на оваа Страна. Ќе ви биде дадена можност да ја прегледате вашата порачка и да ја потврдтите или да ја корегирате пред финално потврдување. Вашето барање за порачка на некој од производите кои се на iHome страната го потврдувате со кликање на копчето Submit (Потврди), кое се наоѓа најдолу на процесот за порачка.
Штом ќе ја потврдите вашата порачка, ние ќе ви испратиме известување по е-маил во кој ќе ви ги кажеме деталите и вредноста на вашата порачка, вреднота која ќе бие наплатена од вашата кредитна или дебитна картичка. Ова не е прифаќање на порачка од страна на iHome.
Доколку не ве известиме дека не ја прифаќаме вашата порачка или пак вие не ја откажете, според правилата за откажување на порачка, нашето прифаќање на вашата порачка и комплетирањето на договорот меѓу нас и вас ќе биде процесирано во моментот кога ќе ви го испратиме производот кој сте го нарачале. За да ја откажете вашата порачка по моментот откако сме ви го испратиле производот, треба да ги следете Правилата и процедурите за враќање.
Ако ви е потребна каква било информација во врска со вашата порачка(и) ве молиме контактирајте го нашиот Кориснички оддел на е-маил адреса support@ihome.mk (работно време 09:00-17:00, понеделник до петок).
Ние го задржуваме правото да не ја прифатиме вашата порачка доколку производот кој го барате во моментот го немаме на залиха или пак доколку се посомневаме во можна измама или прекршување на овие Услови за користење или пак доколку забележиме дека има грешка во производот или цената.
Ако не сме во можност да ви ги испратиме деталите од вашата порачка, ние ќе ве контактираме по е-маил или телефон и ќе ве известиме за состојбата на вашата порачка.
7. Наплата
Може да платите користејчи го било кој од методите на плаќање кои се наведени во платниот дел од Страната. Исплатата ќе се изврши од вашата сметка во моментот кога вие ќе ја потврдите вашата порачка. Потврдувате дека кредитната или дебитната картичка која ја користите е ваша. Сите корисници на кредитни/дебитни картички се предмет на проверка и валидација од страна на издавачот на картичката. Доколку издавачот на вашата платежна картичка одбива или не сака, поради некоја причина, да ја одобри исплата кон нас, без разлика дали се работи за однапред или одложена исплата, ние нема да бидеме одговорни за евентуално одложување на испораката или пак доколку воопшто не дојде до испорака.
8. Сопственичко право на производите
Ние го задржуваме правото на сопственост на производот се до моментот додека не е направена целосна исплата од ваша страна а таа исплата е примена од нас. Легалното право на производот веднаш ќе се врати на iHome доколку дојде до рефундирање на средствата од наша страна кон вас.
9. Ризик за губење
Сите ризици кои се однесуваат на производот се предаваат на вас по испорака на истиот.
10. Испорака
Ние ќе ви го испратиме производот на вас во зависност од опцијата за испорака која вие ќе ја изберете во моментот кога ја правите порачката. Погледнете го делот за испорака на Страната. Било какво временско ограничување на вашата порачка од ваша страна се смета за индикативно. Ние може да ви ја пратиме пратката во еден или повеќе делови и не одговараме доколку дојде до задоцнување на испораката поради некои трети страни.
11. Прифаќање на производите
По приемот, потребно е да го прегледате производот. Ние ќе сметаме дека сте ја прифатиле пратката, освен доколку не не известите дека ја откажувате, притоа следејќи ги правилата и процедурите за откашување на пратка. Ако таква акција не е направена, ние немаме обврска да прифатиме откажување на пратка во некој подоцен датум. Вашите законски права не се засегнати.
Ако не ја примите целосната порачка како што е кажано во е-маилот кој ви бил пратен за потврдување на истата, ве молиме контактирајте го нашиот Кориснички оддел на support@ihome.mk (работно време 09:00-17:00, понеделник до петок).
Било какви дополнителни трошоци во врска со испораката на производот како на пример царина или слично, паѓаат на сметка на купувачот.
12. Интелектуална сопственост
Сите содржини кои се достапни на Страната, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, графики, логоа, копчиња, слики, аудио клипови, податоци, компилации, софтвер и компилација од него (колективно, "Содржина") е сопственост на iHome, нејзините филијали или партнери. Заштитните марки, логоа, и сервисните марки прикажани на оваа страна (колективно, "Заштитни марки") се регистрирани и нерегистрирани марки на iHome, нејзините филијали или партнери, во Република Македонија и други земји, и се заштитени од страна на македонските и меѓународните закони за трговски марки.
13. Ограничена дозвола
Ние ви одобруваме ограничена, отповикувачка, и не-ексклузивна дозвола за пристап и користење за лична употреба на Страната. Оваа ограничена дозвола не ви дава право да: (i) сместите или користите техники за кадрирање за да ги приложите информациите од Страната или на било кој дел од неа (ii) ја менувате или преземете страната или нејзината содржина (освен кеширање или колку што е потребно да ја видите содржината), (iii) било каква употреба на Страната или на неговата содржина, освен за лична употреба; (iv) креирате копирано дело врз основа на Страната или содржината на Страната, (v) превземате информации во корист на друго лице; (vi) користите било мета тагови или било кои други "скриени текстови" кои ќе ги користат нашите Заштитни марки, или (vii) употреба на софтвер роботи, пајаци, роботи, или слични алатки за собирање и извлекување на податоци, или да преземете други активности кои можат да наметнат неразумно оптоварување на нашата инфраструктура. Ние исто така ви даваме ограничена, отповиклива, и не-ексклузивна дозвола да креирате линк до почетната страница на страната за лична, некомерцијална употреба. Страната која ќе ја линкувате до нашата (i) може да води до, но не и да ја копира, нашата содржина, (ii) не може да имплицира дека ние одобруваме трета веб страна или неговите услуги или производи, (iii) не може погрешно да го толкуваат нивниот однос со нас; (iv) не може да има содржина која може да се толкува како невкусна, непристојна, навредлива или контроверзна, и може да содржи само содржина, што е законска и соодветна за сите возрасти, (v) не може да не прикажуваат нас или нашите производи и услуги во лажна , невистинита, навредлива, или на друг непристоен начин, или да не асоцираат нас со други непожелни производи, услуги или мислења; (vi) не може да користат заштитни марки без писмена дозвола; и (vii) не може да се поврзуваат со било која друга страница на Страната освен со почетната страница. Ние можеме да побараме да го отстраните линкот од вашата страна, и по приемот на таквото барање, морате веднаш да го отстраните. Секое неовластено користење од ваша страна на Страната, ја прекинува ограничената лиценца утврдена со овој Дел 15 без притоа да е спротивно на предвидениот закон.
14. Вашите обврски и одговорности
При пристап или употреба на страната, ќе се согласите со овие услови и посебните предупредувања или инструкции за пристап или користење на Страната и на содржината објавена на страната. Секогаш ќе се однесувате во согласност со законот, примерно и во добро расположение. Вие не може да направите каква било промена на Страната или на било која содржина или услуги, кои можат да се појават на оваа страна и не може да влијаете на било кој начин на интегритетот или работењето на Страната. Без ограничување на генералноста на било која друга одредба од овие Услови и правила, ако се однесувате со небрежност или невнимание кон некоја од обврските утврдени во овие Услови и правила (вклучувајќи ја и нашата Политика за приватност), ќе бидете одговорни за сите загуби и штети кои вашето однесување може да ги предизвика на iHome, нашите филијали или партнери.
15. Вашиот Профил
Вие потврдувате дека личните информации кои се потребни да ги обезбедите кога ќе се регистрирате како клиент се вистински, точни и актуелни во сите погледи. Погледнете ја нашата политика на приватност во врска со користењето на вашите лични информации.
Вие сте одговорни за гаранцијата дека личните информации кои ни ги давате на нас се тековни и точни. Ако вашите лични информации се променат тогаш Ве молиме да не известите веднаш контактирајќи го нашиот Кориснички оддел на support@ihome.mk (работно време 09:00-17:00, понеделник до петок).
Алтернативно, можете да ги обновите вашите податоци преку "мојот профил".
Вие сте одговорни за одржување на доверливоста и сигурноста на вашиот профил, вашата лозинка и за преземање на сите потребни мерки за да спречите неавторизиран пристап до вашата сметка. Вие се согласувате да превземете одговорност за сите активности што се случуваат од вашиот профил или лозинка. Ако имате причина да верувате дека Вашата лозинка е дознаена од некој друг, или се користи на било кој начин што не е овластен од вас, треба да не контактирате веднаш. Ако ја заборавите вашата лозинка ние ќе извршиме промениме на Ваше барање и ќе ви испратиме потврда на е-маил адреса, која вие ја наведувате при регистрација.
Вашиот профил може да биде откажан во секое време ако се јавите на нашиот Кориснички оддел на support@ihome.mk (работно време 09:00-17:00, понеделник до петок).
Се согласувате дека нема да претставувате друго лице или субјект или користите лажно име или име кое вие не сте овластени да го користите.
Ние го задржуваме правото да ги одбиеме услугите и/или да го затвориме вашиот профил без претходна најава, ако ги прекршите овие услови или ако решиме, во нашата сопствена дискреција, дека тоа ќе биде од најдобар интерес за iHome.
16. Линкови од трети страни
Ние не сме одговорни за содржината на било какви надворешни страници или други страници поврзани со или од нашата Страна. Линковите кои се појавуваат на Страната се за употреба и но не значи дека содржината, услугите и производите на тие трети страни се одобрени од Нас, нашите филијали или партнери. Вашето поврзување до Трета страна или преку Трета страна од нашата Страна или до нашата Страна е на ваш сопствен ризик. Ние во никој случај не сме одговорни за испитување или оценување, и не го гарантираме придонесот на овие Трети страни или на кои било други страни поврзани со или од нашата Страна, ниту пак превземаме одговорност или обврска за дејствијата, содржината, производите или услугите на таквите страници, вклучувајќи ги, без ограничување, и нивните Правила и Услови за приватност. Вие треба внимателно да ги разгледа условите и политики на приватност на сите надворешни страни кои ги посетувате.
17. Поднесоци
Наша политика е да ги намалиме несаканите сугестии и идеи. Секое сакано или несакано прашање, коментар, предлог, пост на форумот, преглед на производ, коментари на вести, блог коментари, идеи или други информации што ги објавувате кај Нас (колективно, "Поднесоци") ќе бидат третирани како не-комерцијални и недоверливи. Како субјект на нашите политики и услови за приватност, при пренесување или објавување на било каков Поднесок, ни одобрувате без ексклузивност, без наплаќање на хонорари, преносливо, неотповикливо, и целосно дозволено право на користење, репродуциратње, модифицирање, адаптирња, објавувња, продавња , доделување, превод, создавање изведени дела од, дистрибуирање, и прикажување на Поднесокот во било каква форма, медиум, или технологија, дали како што ви е познат или дополнително развиен, самостојно или како дел на други дела. Исто така признавате дека вашето дело не може да ви се врати, а ние може да го користиме вашиот Поднесок, и сите идеи, и сите концепти кои се вклучени, за било која намена вклучувајќи, без ограничување, развој, производство, дистрибуција и маркетинг на производи. Ако направите Поднесок, гарантирате дека ги имате правата над поднесениот Поднесок. Вие дополнително претставувате и гарантирате дека таквите Поднесоци не содржат софтвер вируси, комерцијални покани, верижни писма, масовни писма, или било каква форма на "спам". Вие не може да користите лажна е-маил адреса, претставувате друго физичко или правно лице, или на друг начин да не доведете во заблуда нас во однос на потеклото на вашиот Поднесок. Вие се согласувате да не обештетите за сите побарувања кои произлегуваат од или се во врска со вашите Поднесоци за било какви права на било кој Поднесок.
18. Репрезентација и гаранции, Ограничување на одговорноста
ВЕБ СТРАНАТА Е ПРЕЗЕНТИРАНА „КАКО ШТО ЈА ГЛЕДАТЕ“. НИЕ НЕ ПРАВИМЕ НИКАКВИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ИЛИ ГАРАНЦИИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВО ВРСКА СО ОВИЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ИЛИ ОВАА СТРАНИЦА, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ И ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНИ ГАРАНЦИИ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА ИЛИ СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, ОСВЕН КОГА ТИЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ И ГАРАНЦИИ НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ЗАКОСКИ ОГРАНИЧУВАЊА. ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА, ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ ИЛИ ОБВРЗАНИ (БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СПОРЕД ДОГОВОР ИЛИ СПОРЕД НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ НЕШТО ДРУГО), ПОД НИКОИ ОКОЛНОСТИ, ЗА (а) ПРЕКИН НА ДЕЛОВНИТЕ ОДНОСИ (б) ДОСТАПНОСТ ИЛИ ДОЦНЕЊЕ НА ОВАА СТРАНИЦА (в) НЕИСПОРАЧУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ, ПОГРЕШНА ДОСТАВА НА ИНФОРМАЦИИ, НЕСООДВЕТНИ ИЛИ ПРОМЕНЕТИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ СЛИЧНИ МОДИФИКАЦИИ (г) ГУБЕЊЕ ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ ОД БИЛО КОЈ ВИД НАПРАВЕНИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА СПРАВУВАЊЕ СО ВРСКИ СО ИНФОРМАЦИИ НАДВОР ОД ОВАА СТРАНИЦА (д) КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ, ГРЕШКИ ВО СИСТЕМИТЕ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ НА ОВАА СТРАНИЦА ВКЛУЧУВАЈЌИ И ХИПЕРЛИНКОВИ ДО И ОД СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ СТРАНИ (ѓ) СЕКОИ НЕТОЧНОСТИ, ПРОПУСТИ ИЛИ ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ ВО СОДРЖИНИТЕ ИЛИ (е) СЛУЧКИ КОИ СЕ НАДВОР ОД НАША КОНТРОЛА. ДОПОЛНИТЕЛНО, ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ ИЛИ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ШТЕТИ ОД БИЛО КАКОВ ВИД (ВКЛУЧУВАЈЌИ И ЗАГУБА НА ПРОФИТ) ПОВРЗАНИ СО ОВАА СТРАНИЦА БЕЗ ОГЛЕД НА ФОРМАТА НА ДЕЈСТВИЕТО БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ВО ДОГОВОР, ОД НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН, ДУРИ И АКО ПРЕДНОДНО СМЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ.
19. Надомест и заштита од штета, загуба или трошоци
Вие се согласувате да не заштитувате и ослободувате од било каква штета, загуба или трошоци, вклучувајќи и адвокатски такси, кои ќе произлезат од било која трета страна, како резултат на ваша акција или побарувачка од вашето користење на Страната. Вие исто така се согласувате да не обештетите за било каква загуба, штета, или трошоци, вклучувајќи и адвокатски такси, кои произлегуваат од вашата употреба на софтвер роботи, пајаци, роботи, или слични алатки за собирање и извлекување на податоци, или било која друга акција која наметнува неразумно оптоварување или товар на нашата инфраструктура.
20. Жалби
Ако сакате да се поднесете жалба за некое прашање во однос на производите тоа можете да го сторите со испраќање на е-маил порака до службата за Корисници на support@ihome.mk (работно време 09:00-17:00, понеделник до петок).
21. Спорови
Вашата употреба на оваа Страна и секое купување од вас на било кој производ од iHome се регулира со законите на Република Македонија и на договорните страни кои се под ексклузивна надлежност на македонските судови.
22. Општи услови
Вие разбирате и се согласувте дека овие услови, кои ги вклучуваат и нашите Правила за приватност, претставува комплетен и ексклузивен договор меѓу нас во врска со вашето користење на Страната или купување на производ од оваа Страна, и се консолидира и раководи со сите претходни предлози, договори или други комуникации. Ние го задржуваме правото, во нашата сопствена дискреција, да ги промениме овие Услови и Правила во секое време притоа објавувајќи ги промените на Страната. Промени се во сила веднаш по објавувањето на Страната. Вашата континуирана употреба на оваа Страна го претставува вашиот договор со сите услови. Ние може, со или без претходна најава, да прекинеме било кои од правата дадени претходно во овие Услови и Правила за користење. Потребно е Вие веднаш да се согласите со прекинување на правото или било кое друго известување вклуќувајќи и забрана за пристап до Страната. Ништо содржано во овие услови не може да се толкува како создавање на агенција, партнерство или друга форма на заедничко претпријатие меѓу нас. Нашиот неуспех да бараме Ваше исполнување на обврските од било која одредба од овој правилник нема да влијае на нашето полно право да бараме такви исполнувања во секое време потоа, ниту наше откажување од повреда на некоја одредба од овој правилник ќе се смета за откажување од одредбата.Неизвршување и одложување од страна на било која од страните во остварувањето на сите права или привилегии на таа страна во рамките на овие Услови и правила и несогласување помеѓу страните не може да се толкува како откажување од правата и привилегиите, ниту остварување на некое право или привилегија од овие го спречува понатамошно остварување на дополнително право или привилегија на истата или остварување на некое друго право или привилегија. Правата и обврските предвидени од страна на овие Услови и правила се кумулативни и не се ексклузивни за сите права или обврски предвидени со закон. Времето не смее да биде на суштината на овие Услови и правила што се однесува било на времето, датуми и / или периоди спомнати во овој документ. Во случај кога некоја одредба од овие Услови и правила ќе бидат неприменливи или не валидни во согласност со сите применливи закони или е задржана од судска одлука, не предизвикуваат овие Услови и правила да се применуваат или да не се валидни како целина. Ние ќе ги дополниме или замениме таквите одредби со валидни и применливи, со која се постигнува, до најголем можен степен, нашата изворна цел и намера како што се предвидена во оригиналната одредба. Ако имате било какви прашања во врска со овие Услови и правила, ве молиме да ги испратите до нас.