ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Кога доставувате информации до нас преку оваа веб-страна, ihome.mk, целосно ја почитуваме Вашата приватност. Важно е да знаете кои информации ги зачувуваме за време на Вашата посета и што правиме со тие информации. Вашата посета на веб-страната е предмет на оваа Политика за приватност и на нашите Одредби и услови. Политиката за приватност се однесува само на информациите кои iHome ги добива преку оваа веб-страна.

1. Собирање на информации

Не ги собираме Вашите лични информации, освен во случај кога ни ги доставувате директно или преку трета страна. На пример, ако сакате да пополните форма за регистрација на нов корисник, да одговорите на анкета или да купите производ, ќе биде потребно да дадете одредени информации како на пример информации за контакт (име, e-mail адреса, адреса на живеење и телефонски број), роденден, пол итн. Ако решите да направите нарачка, ќе биде неопходно да ги знаеме и Вашите адреси за наплата и достава, број на кредитна картичка и рок на важење на истата.

Од Вас не се бараат чувствителни информации. Во чувствителни информации спаѓаат: раса или етничко потекло; политички погледи; религиозни верувања; физичко и ментално здравје. Доколку доставите такви информации, со самото тоа се согласувате врз основа на оваа Политика за приватност.

Доколку не сакате да споделите лични информации со нас, Ве молиме не правете го тоа. Но, во тој случај нема да бидете во можност да вршите купување преку оваа веб-страна.

За да ги заштитат своите лични информации, корисниците на оваа веб-страна мора да внесат валидна e-mail адреса и лозинка.

Пред да ги доставите Вашите лични информации на оваа веб-страна, ќе бидете прашани дали се согласувате со процесирање на истите на начин дефиниран според оваа Полиса за приватност. Ако се согласите, ќе бидете во можност да ги доставите овие информации на веб-страната.

2. Употреба на лични информации

iHome се стреми да Ви овозможи широка палета на производи и услуги наменети да ги задоволат Вашите потреби. За да ја оствариме таа цел, Вашите податоци ќе бидат употребени на следниов начин:

а. Комуникација за да ве услужиме

Ако сте избрале да ни ги претставите вашите контакт информации, на пример, при регистрирање на интернет страната на iHome, или при правење на некоја нарачка, може да ви испратиме соопштение кое се однесува на интернет страната на iHome или да ве контактираме во врска со вашата набавка. На пример сите регистрирани корисници ќе примат е-маил за добредојде со кој ќе ја потврдат нивната регистрација. Исто така може да ве контактираме за да ви одговориме на некои прашања во врска со производите или некои други прашања доколку ги имате во врска со интернет страната на iHome.

б. Дополнителна Комуникација со Ваша согласност

Во прилог на основните услуги, соопштенија кои може да ви ги пратиме, опишани во точка 2 (а) погоре, ако направите оптимизација на вашата регистрација на iHome интернет страната при вашето регистрирање или пак некој нареден пат кога ќе внесувате ваши информации во профилот, информациите кои ќе ни ги претставите може да бидат искористени да ви го доставиме нашиот електронски билтен, анкети или вид на услуга кое ќе содржи информации за продукти и настани, корисни информации за софтвер или промоции (“Дополнителна Комуникација со Ваша согласност”).

3. Недозволено откривање на вашите податоци на Трети лица без ваша согласност

Ние нема да ги откриваме вашите лични информации на трети лица за нивна употреба во маркетинг цели на своите производи или услуги без ваша согласност.

4. Откривање на лични информации

a. Заштита од измама и почитување на законот

Ние може да разотркиеме било какви информации, па дури и лични, идентификациони информации, ако сметаме дека тоа е неопходно, согласно нашето дискреционо право, со цел да ги почитуваме законите кои се применуваат, прописите, правните процеси, владините барања. Исто така може да разменуваме информации, вклучувајќи и лични информации, со други компании и организации поради заштита од финансиски измами и намалување на ризиците.

б. Даватели на услуги

Ние може да назначиме други компании и поединци да извршуваат функции кои се во согласност со Политиката и правилата за приватност, во наше име. Како на пример, може да вклучиме специјалисти по корисничка подршка, хостинг компании, компании за кредитни картички, компании кои ќе ги проследуваат нарачките и ќе ги кординираат пораките, компании за анализа на податоци и е-маил даватели на услуги. Овие трети страни може да имат пристап до личните информации со цел да ги извршуваат нивните функции, но тие информации не смеат да ги користат за други цели.

в. Бизнис трансфери

Како што ќе го развиваме нашиот бизнис, ние може да продадеме дел од нашиот капитал. Во случај на таква трансакција, корисничките информации, вклучувајќи ги и личните информации, ако се дел од трансакцискиот капитал, а пред тоа доставени на интернет страната на iHome, вие се согласувате дека информациите може да бидат пренесени на купувачот во такви услови.

5. Колачиња, IP адреси, Пиксел тагови & Технологии на следење

Колаче е дел од податок кој ни овозможува да ги следиме и насочуваме вашите желби. Може да сместиме колаче на дискот од вашиот компјутер за да ве препознаеме како корисник на нашата интернет страна и да го прилагодиме вашето искуство при користење на интернет страната на iHome. Колачето ќе биде зачувано на вашиот диск од вашиот компјутер се до моментот додека вие не го отстраните. Ние исто така може да користиме привремени или таканаречени сесиски колачиња кои ќе ви бидат од помош доколку купувате производи од нашата страна. Овие колачиња ќе се поништат кога вие ќе ја потврдите нарачката. Вие може да подесите вашиот интернет пребарувач да ве известува доколку има колачиња на една страна или пак автоматски да ги одбива колачињата. Ако ги одбивате колачињата, вие сеуште ќе може да ја користите нашата интернет страна но може да бидете ограничени при користењето на некои од функционалностите.

Исто така може да ги користиме и IP адресите за анализа на трендовите, администрација на страната, следење на сообраќајот на страната, и собирање на демографски податоци за колективна употреба,  како и во комбинација со вашите лични податоци поради заштита од кредитни измами и намалување на ризикот од било какви други измами.

Кога ќе ја посетите нашата страна, или во моментот кога читате наша порака, ние може да користиме пиксел тагови, линкови за следење и/или слични технологии за да ги одбележиме некои од страните кои вие ги посетувате на нашата интернет страна и да го прилагодиме вашето искуство на истата. Исто така може да користиме пиксел тагови за да утврдиме какви е-маил сервиси вашиот интернет пребарувач подржува. Може да ги искористиме информациите од овие пиксел тагови, линкови за следење и другите технологии за следење во комбинација со вашите лични податоци.

6. Лица под 18 години

Ако сте помлади од 18 години, може да ја користите нашата интернет страна. Меѓутоа нема да можете да ни ги дадете вашите лични информации. Како на пример, вие нема да можете да се регистрирате на нашата страна и да направите некоја порачка. Оваа страна не е дизајнирана за малолетни лица и свесно не ги собираме личните информации на лицата под 18 години.

7. Линкови

Оваа интернет страна може да содржи линкови до или од други интернет страни. Ве молиме бидете свесни дека ние не одговараме за правилата на приваност на другите интернет страни. Правилата за приватност важат само за содржините кои се објавени на оваа страница и за податоците кои се внесени преку од оваа интернет страница. Ве советуваме да ги прочитате и правилата на приватност на другите интернет страни, кон кои ќе бидете поврзани од нашата страна.

8. Безбедност

Ние имаме имплементирано различни безбедносни мерки кои се во согласност со интернет индустријата се со цел да се заштитат вашите лични податоци. Вашите информации ќе бидат зачувани во сигурни објекти.

9. Точност и обновување на Вашите податоци

Ние ќе преземеме разумни чекори за да ја зачуваме точноста на податоците кои вие ќе ги пренесте преку оваа интернет страна. Сепак, ние не превземаме одговорност за потврдување на точноста на вашите податоци.

Вие сте одговорни да ги одржувате вашите податоци тековни и точни. Може да ги прегледате и да ги промените вашите лични податоци во секој момент со тоа што ќе се најавите на вашата сметка која ќе ја имате на нашата страна и да ги дополните и ажурирате податоците.

10. Откажување на дополнителна комуникација со Ваша согласност

Вие можете да се откажете од понатамошна дополнителна комуникација со Ваша соласност кога ке се регистрирате на оваа страница или на друг начин да ги пренесете Вашите контакти информации до нас. Можете да ги промените овие подесувања со пристап до Вашиот профил или притискајќи го „се откажувам од претплатата“ (“unsubscribe”) линкот во дното на секоја порака во врска со дополнителната комуникација со Ваша согласност која ќе ја добиете.

11. Известување за промени

Ние може да ги ажурираме Правила на приватност од време на време. Ако одлучиме да се променат овие Правила на приватност, новите ќе ги објавиме на ова место. Бидејќи може да правиме промени на овие правила, а притоа да не ве известиме, ви препорачуваме одвреме навреме да ги прегледувате Правилата за приватност.